Ослободени уапсените опозициски советници во Нови Сад

Опозициските советници во градското собрание на Нови Сад, Владимир Вршајков, Срѓан Ѓуриќ и Брајан Брковиќ на 25 февруари беа ослободени од притворот во кој се наоѓаа откако претходниот ден протестираа во тој град, пренесува Бета.

Ослободен е и пратеникот на Националното движење на Србија во Собранието на Војводина, Предраг Драгојевиќ, кој е единствениот обвинет за кривично дело – напад врз службено лице при вршење на службена должност.

Тие беа уапсени по протестот пред градското собрание на Нови Сад на 24 февруари, каде имаше инцидент кога демонстрантите фрлаа кон полицијата јајца, брашно, црвена боја, јогурт и тоалетна хартија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека петмина полицајци се повредени во обидите на дел од насобраните граѓани да го пробијат полицискиот кордон.

МУП подоцна соопшти дека се уапсени пет лица поради нереди пред Собранието на Нови Сад, пишува Радио слободна Европа.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести