Досега во Брчко се уапсени осум лица осомничени за трговија со луѓе. Во една куќа во населбата Ивица биле пронајдени 31 дете, повеќето од ромска националност, а неколку деца имале хрватски пасоши. Како што изјави за „Блиц во живо“ новинарот и дописник на Радио Федерација на БиХ, Адмир Кадриќ, неофицијално се дознава дека маж плаќал по 250 евра месечно за да ги чуваат неговите две деца кои останале таму пет месеци.
Како што откри Кадриќ за „Блиц во живо“, Обвинителството на округот Брчко побарало притвор за три лица – сопственичката на куќата, нејзиниот син и наводната Италијанка, за дополнително да не ја загрозат истрагата или да ги повторат делата за кои се осомничени.
Што се однесува до бројот на пронајдени деца во куќата, познато е дека таму долги години биле сместени 31 дете на возраст од неколку месеци до 12 години, главно од ромска националност.
„Она што успеавме да го дознаеме е дека децата вечерта, во вторник попладне, веднаш биле сместени на безбедно, откако едно од девојчињата дошло до работничката на Центарот за социјална работа. Таа веднаш го известила градоначалникот Синиша Милиќ, кој брзо ја активирал полицијата“, изјавил Кадриќ.
Кадриќ неофицијално дознал и дека децата во куќата биле носени на чување.
Маж од Бјелина, кој дошол од Бања Лука, сведочел дека плаќал по 250 евра месечно за да ги чуваат неговите две деца кои таму останале пет месеци.


