Што е пронајдено во „куќата на ужасот“ во Брчко: Топлинки, автомобилчиња, лулашка…

Целиот регион бруи за куќата во Брчко во која во вторникот беа пронајдени 31 дете, а поради чувствителноста на истрагата се знаат само неколку работи за овој невиден настан на Балканот… Екипата на Telegraf.rs денеска, пред „куќата на ужасот“, како што многумина ја нарекоа, сними речиси идентични снимки како пред два дена. Се чини дека времето застана…

Сè уште има топлинки и влечки пред влезната врата, надвор од прозорците се уште се наредени автомобили-играчки, а во дворот стои лулашка која лесно се ниша на ветрот. Апсолутно ништо не е мрднато ниту педа, па ни алиштата што со денови висат на жиците за алишта.

Прозорците од куќата без фасада, покриена со бројни камери, се уште се ширум отворени… Сето ова го забележавме во куќа во која со денови, а можеби и со месеци престојуваат 31 дете, од кои најмалото има само шест месеци…

Пред влезот сè уште свети светлото. Нема кој да го исклучи. По улицата патролирал само еден полицаец. Во населбата е тивко… Нема случајни минувачи… Вчера имало луѓе, велат дошле роднини да прашаат за децата, како и медиуми од Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Најважно е сепак дека децата кои беа пронајдени во куќата се безбедни и редовно се згрижени од медицински работници. Властите тврдат дека ја имаат сета потребна помош. Градоначалникот на Брчко, Синиша Милиќ, потврди дека децата веднаш биле преместени во адаптирани соби во локалниот хотел, каде што моментално се сместени, а за нив се грижат работници од Црвениот крст и Центарот за социјална работа.

извор: racin.mk

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести