На предлог на Обвинителството на Округот Брчко на БиХ, Основниот суд на Округот Брчко на БиХ на 28.02.2025 година во 16.30 часот одредил притвор за две лица: З.Ѓ. (72) и А.Ѓ. (38), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „Запуштање или злоупотреба на дете“.
Основниот суд на округот Брчко на Босна и Херцеговина на споменатите лица им одреди мерка притвор поради постоење на посебни околности кои укажуваат дека ќе ја попречат кривичната постапка со влијание врз сведоци, соучесници или прикривачи, објави српски Блиц.
Основниот суд на округот Брчко на БиХ не го прифати предлогот на Обвинителството на округот Брчко на БиХ да му одреди притвор на В.П. (29) од Бања Лука, бидејќи не утврдил постоење основи на сомнение дека ова лице сторило кривично дело, односно не утврдил постоење на правни причини и околности за одредување притвор.
Во однос на преостанатите пет лица лишени од слобода на 26.02.2025 година и тоа: Х.Х. (52), Ш.Л. (37), О.Ш. (25), Х.С. (37) и Х.Н. (41)*, Обвинителството на округот Брчко на БиХ по завршувањето на интензивниот распит на овие лица денеска утврди дека во моментов не постојат законски пропишани причини и околности за поднесување предлог за притвор на истите лица.
Во понатамошниот тек на оваа постапка, сите истражни дејствија и активности, кои по својата природа се многу сложени и обемни во однос на предметното кривично дело, ќе продолжат со несмален интензитет, а јавноста ќе биде информирана за значајни информации во обем што нема да и наштети на истрагата.


