Меланија Трамп во совршено скроен костум ја истакна својата витка фигура и демонстрира моќ

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, вчера се појави во Капитол Хил во елегантен беж костум, за да го поддржи усвојувањето на важен закон чија цел е заштита на младите. Ова беше нејзино прво самостојно појавување во јавноста откако ги продолжи должностите како прва дама по претседателската инаугурација.

Меланија за оваа пригода избра софистициран троделен кафеав костум, црна вратоврска и елегантни потпетици. Таа присуствуваше на дискусија на тркалезна маса со сенаторите Тед Круз и Ејми Клобучар, каде што се дискутираше за нацрт-законот познат како „Take It Down Act “.

Овој закон има за цел објавувањето интимна содржина на Интернет без согласност на лице да го направи федерално кривично дело, особено во контекст на зголемената употреба на вештачката интелигенција за создавање т.н. „deepfake“ содржина.

На својот профил на Твитер, првата дама ја нагласи важноста од усвојувањето на овој предлог-закон, велејќи: „Го повикувам Конгресот да го усвои овој важен закон за заштита на нашата младина“.

Сенаторот Круз, исто така, ја изрази својата поддршка за предлогот, истакнувајќи дека никој не треба да поминува низ болката, понижувањето и траумата од злоупотребата на технологијата.

За време на нејзиниот претходен мандат, Меланија Трамп ја покрена иницијативата „Биди најдобар“, која се фокусираше на безбедноста на младите луѓе на Интернет. Нејзиниот последен ангажман покажува обновена посветеност на оваа тема, а се очекува да продолжи со слични активности и во иднина.

Присуството на Меланија во Капитол Хил и нејзината поддршка за „Take It Down Act“ ја нагласуваат потребата да се прилагодат правните рамки на модерната технолошка ера, со цел да се обезбеди соодветна заштита на поединците во дигиталниот простор, напиша Курир.рс.

Најчитани вести