Креативниот директор и основач на Гранд продукција, Саша Поповиќ, со децении важеше за човек кој поседува еден од најскапите возни паркови во Србија.
Поповиќ неодамна купи црвено Ферари за да ја комплетира својата колекција, а потоа на почетокот на минатата година, во 2024 година, се почести со друга ѕверка.

Станува збор за автомобил од иста марка – Ферари, само во бела боја, на кој има и таблички со неговите иницијали, пишува српски Телеграф.
Да потсетиме, Саша Поповиќ претходно изјави дека поседува возен парк од околу 900.000 евра, а за Гранд откри од кога датира неговата љубов кон луксузните автомобили.

– Кога отидовме на таа голема турнеја во 1983 година, заработивме многу пари. Милиони. И сето тоа одеше регуларно, плаќавме даноци. Тогаш се одеше преку т.н. СДК, па преку жиро сметка и навистина имавме многу пари, но тоа беа годините под слоганот „имаш куќа, врати го станот“. Имаш стан, не можеш да купиш куќа, не можеш да купиш ни кафеани затоа што се државни. Каде ги потрошивме парите? На коли. Јас најмногу. Прв ги купив сите модели на Мерцедес 83, четврта, петта… Оттогаш ја имам оваа љубов кон автомобилите. Се разбира, во 1993 година, кога ги изгубив парите кај Дафина, останав без ниту еден динар и без ниту една марка и четири години се возев во автобус – изјави во една прилика Саша Поповиќ.


