Џорџ Клуни го тресе кризата на средни години, ја обои косата во ОВАА БОЈА, фановите изненадени

Џорџ Клуни целосно го промени имиџот, и го жртвуваше заштитниот знак по кој беше многу препознатлив и славен меѓу жените! Имено, „сребрениот лисец“ на Холивуд, како што често го нарекуваа поради седата коса, е виден во Њујорк, каде за време на ручекот со сопругата Амал Клуни премиерно го претстави својот нов изглед – кафеава коса на главата!

Многумина веднаш се запрашаа дали е во прашање средовечна криза, бидејќи Џорџ Клуни со години е познат по својата препознатлива седа коса. Сепак, причината за оваа трансформација е веројатно неговата претстојна улога на Бродвеј во претставата „Добра ноќ и среќа“ – адаптација на истоимениот филм од 2005 година, за кој Клуни претходно го напиша, режираше и глумеше.

Клуни и неговата 47-годишна сопруга биле забележани веднаш после ручек во познат француски ресторан, каде што се сретнале со нивниот пријател, адвокатот Кевин Џонсон.

Нова улога – нов имиџ

Оваа промена во изгледот на Клуни дојде непосредно пред неговиот настап на Бродвеј, каде што ќе го толкува легендарниот новинар Едвард Р. Мароу. Интересно е тоа што и самиот Мароу, во периодот во кој се одвива дејствието на претставата, имал видно седа коса, што покренало прашања зошто Клуни се одлучил на оваа трансформација.

Актерската екипа на оригиналниот филм вклучува некои од најголемите имиња во Холивуд – Роберт Дауни Џуниор, Џеф Даниелс, Патриша Кларксон, Френк Лангела и Реј Вајс. Филмот заработи 54,6 милиони долари со буџет од само 7 милиони долари и беше номиниран за шест награди Оскар, иако не освои ниту една награда, пишува Курир.рс.

Најчитани вести