Еден загинат и 19 спасени во несреќа со мигранти во близина на грчкиот остров Фармакониси

Во морскиот дел кај грчкиот остров Фармакониси што се наоѓа во близина на турското крајбрежје, синоќа се случила несреќа со чамец со мигранти, во која едно лице го загубило животот, а Крајбрежната служба на Грција спасила 19 лица, меѓу кои и две деца, кои се во критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Крајбрежната служба доцна синоќа информираа дека започнала акција со три патролни бродови, еден спасувачки брод како и еден хеликоптер за спасување на евентуално други исчезнати лица. 

Во синоќешната акција, што и утрово е во тек, било извлечено безживотното тело на еден маж, две деца се во критична состојба, а спасени се вкупно 19 лица.

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести