Студентите велосипедисти тргнаа од Будимпешта

Студентите велосипедисти денеска тргнаа од Будимпешта кон унгарскиот град Ѓер, како нивна следна станица на пат кон Стразбур, каде со пратениците во Европскиот парламент треба да разговараат за своите барања и за прекин на наставата на факултетите.

Учениците тргнаа кон својота следна дестинација со извикот „Пумпа“, пренесе Н1, која следи по нивната акција „Тур до Стразбур“.

Група студенти на 3 април започнаа велосипедска тура до Стразбур, со цел да го свртат вниманието на европските претставници на нивните барања, но и да ги информираат за актуелната состојба во Србија.

Во Стразбур треба да пристигнат на 15 април.

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести