Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут

Српскиот претседател вечерва го предложи за мандатар на нова влада – Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог, јави дописникот на МИА од Белград.
Мацут дипломирал, магистрирал и докторирал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што е редовен професор.
Премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка од таа функција на крајот на јануари, по напад  врз студенти  во Нови Сад. Српскиот Парламент на 19 март ја констатираше оставката на Вучевиќ, со што падна актуелната влада на Србија.

Српската напредна партија (СНС) претходно објави дека имаат двајца конкурентски кандидати за функцијата мандатар.

Рокот за избор на нова влада е 18 април.
Вучиќ вечерва изјави дека ситуацијата во регионот е многу тешка, особено политичката ситуација во Република Српска и БиХ и изрази загриженост дека каква било одлука за обид за апсење на Милорад Додик ќе биде катастрофална за целиот регион и за Србија.

Тој во обраќањето во Палатата Србија рече дека затоа е неопходно да се зачува мирот и да не се преземаат избрзани мерки.
Вучиќ нагласи дека се надева дека во следниот месец ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за воведените царини и да се најде решение за нивно намалување на најниско можно ниво. Тој додаде дека се преземени мерки за воведените царини од 37 отсто и дека за тоа разговара со претставници на САД.

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести