Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград денеска соопшти дека поднело обвинение против Д.С.(45) поради сомнение дека на 23 февруари „превезол и задржал“ повеќе од 38,3 килограми канабис и 440,80 грама хашиш.
Обвинението го товари за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.
Обвинителството му предложи на судот да му го продолжи притворот за да не го повтори делото во краток рок, се вели во соопштението.
Предложено е и да му се одземе имотнтаа сопственост стекната во казниво дело, односно 37.400 евра, кои се пронајдени кај него.
Се сомнева дека Д.С., на 23 февруари управувал камион од правец на преминот Батровци кон Белград, кој го запрел пред бензинска пумпа, при што полицијата го привела и нашла наркотици, пишува Данас.рс.


