Трка по Бадентер и лов на пратеници до средбата меѓу премиерот Мицкоски и актуелниот министер за здравство Арбен Таравари.
Според висок владин функцинер, периодов се ловат пратеници и од власта и од опозицијата, да се стабилизира Бадентеровото мнозинство, доколку конечната одлука на премиерот Мицкоски биде да му се заблагодари на министерот за здравство .
Изет Меџити уште еднаш го повика коалициониот партнер Таравари да не се срами и да се изјасни – дали ќе остане во владината коалиција или ќе оди кај партијата на Ахмети .Да соработуваш со ДУИ и да бидеш дел Владата не оди, дополни Меџити
Пред се поизвесната средба Таравари – Мицковски, која се очекува на почетокот да се одржи на почетокот од мај владини извори за ТВ 24, бирифираат дека Мицковски не ја отфрла можноста Таравари да биде четврт коалиционен партнер во Владата. Mеџити не ја коментираше најавената средба на премиерот со Таравари – но изјави дека вчера била одржана редовна владина седница на која не присуствувал министерот за здравство.
Заменик претседателот на Владата Арбен Фетаи која доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците од крилото на Таравари пак вели дека работата во извршната власт тече нормално и засега тие како партија остануваат во владиниот тим
Минатата недела Таравари и Ахмети потврдија дека разговарале телефонски, а Таравари не ја исклучи евентуалната соработка со ДУИ за време на лолкалните избори од вториот круг.
Ова дојде откако Таравари одлучи дека на локалните избори ќе оди со посебни советнички листи, по што тројката Меџити, Касами и Ибрахими порачаа дека тој практично се самоискличул од Вреди па побара и Мицкоски да го исклучи и од Владата.
извор: 24.mk


