Александра Пријовиќ ужива во својата втора бременост, за што сведочат најновите фотографии што ги објави на социјалните мрежи.

Пејачката Александра Пријовиќ, по успешната турнеја „Од исток до запад“, која сруши бројни рекорди, објави дека се повлекува за кратко време од најдобри можни причини, таа и нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, го очекуваат своето второ дете. Двојката веќе има син, Александар, а како што пишуваа медиумите, сега очекуваат девојче, што отсекогаш била нејзина желба.
Александра не е претерано активна на социјалните мрежи и речиси никогаш не споделува слики од приватниот живот, па последната објава привлече големо внимание.
Aleksandra Prijović pokazala trudnički stomak pic.twitter.com/87CHFsouU9
— Arsil (@arsagarson) May 5, 2025
Прегрната со својот син додека тој го бакнува нејзиниот стомак, Александра ужива, а нејзината објава за кратко време ги „сруши“ социјалните мрежи.
На почетокот на оваа година, домашните медиуми ја објавија веста за бременоста, а Александра не сакаше да открива премногу детали.
Таа само накратко потврди дека тоа е вистина и се заблагодари за честитките.


