Поранешниот германски репрезентативец и фудбалска легенда, Бастијан Швајнштајгер, кој е во центар на вниманието за разводот од Ана Ивановиќ – е на службено патување во Африка како амбасадор на трофејот од Лигата на шампионите – но се чини дека трофејот не е единственото нешто кое му го окупира вниманието!
На најновите фотографии од Швајнштајгер, е фатен како флертува со мистериозна убавица од Кенија. Шармантната дама и Германецот разменувале значајни погледи и изгледале многу интимно додека разговарале со пиво на ВИП забавата во Најроби.
И додека Бастијан очигледно не губи време во Кенија, се зголемуваат шпекулациите дека разводот би можел да биде само прашање на денови. Во тој период, Ана поминува сè повеќе време уживајќи во тенисот. Убавата Србинка се врати на својата прва љубов, која можеби ја напушти прерано, само неколку месеци по венчавката со Бастијан во 2016 година.
Додека Ана и Бастијан не дадат официјално соопштение, сите приказни за нивниот развод остануваат во доменот на шпекулации, но дефинитивно е дека нешто се случува меѓу нив двајца, објави српски Курир.


