Македонскиот фудбалски првак Шкендија во случај да го мине Карабах, во плејофот на Лигата на шампионите ќе се соочи со победникот од двомечот Лудогорец – Ференцварош.
Вака одлучи денешената жрепка во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.
Овие натпревари би се играле на 19/20 и 26/27 август.
Фазата од осум кола во Лигата на шампионите ќе започне на 16 септември 2025 година и ќе заврши на 28 јануари 2026 година. Ждрепката за главниот турнир ќе се одржи на 28 август.
Бранител на трофејот во Лигата на шампионите е Пари Сен-Жермен кој во финалето за сезоната 2024/25 го совлада Интер со 5:0.
МИА


