Ќерката на Андонис Самарас, Лена, почина ненадејно на 34-годишна возраст откако доживеа срцев удар.
Лена Самарас попладнево доживеа епилептичен напад и беше однесена во болницата Сисманољо. Лекарите препорачаа невролошки тестови, поради што беше префрлена во Евангелисмос.
Таму бил извршен кардиолошки преглед, докторот побарал подетален преглед и за време на прегледите – без да покаже никакви очигледни симптоми – таа доживеала срцев удар.
И покрај напорите на лекарите, тие не можеле да ја реанимираат. Според информациите од медицински извори, таа имала историја на епилептични напади.
Лена Самара била градежен инженер и студирала на Градскиот универзитет во Лондон.
извор: newz24live.com


