Вучиќ со остар одговор до „Гардијан“: Србија нема да дозволи улична промена на власта

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со писмо се обрати до британскиот весник „Гардијан“, реагирајќи на критиките за односот на државата кон масовните студентски протести што повеќе од девет месеци ја тресат земјата.

„Србија е демократска држава и нема да прифати насилни обиди за менување на власта преку улица,“ порача Вучиќ.

Тој нагласи дека Европската Унија останува најголемиот инвеститор во земјата, со повеќе од 60 проценти од странските инвестиции и дополнителни 1,6 милијарди евра поддршка за реформи до 2027 година.

Вучиќ истакна дека Србија ќе оди на избори пред редовниот рок и дека веќе се работи на изборни реформи.

Во писмото, претседателот нагласи дека во последните девет месеци се одржале над 23.000 неовластени собирања, кои првично биле мирни, но подоцна прераснале во насилни протести со напади врз полицијата и државниот имот. Според него, над 170 полицајци биле повредени, но полицијата реагирала „ограничено и воздржано“.

Вучиќ потсети и дека дел од барањата на студентите биле исполнети: започнати се истраги, објавени се документи за реновирањето на железничката станица, зголемено е финансирањето на образованието, а премиерот поднесе оставка. Сепак, протестите продолжиле, со нов фокус – смена на власта надвор од демократски избори.

Најчитани вести