Претседателката на ЕК утре во посета на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на Србија на 14 и 15 октомври, соопшти денеска неговиот кабинет.

Церемонијата на пречек пред Палатата Србија е закажана за 8:45 часот наутро, по што ќе следи средба меѓу претседателот на Србија и претседателката на ЕК. Таа ќе има средба и со премиерот на србија Ѓуро Мацут. 

Урсула фон дер Лајен вчера се сретна со функционери во Албанија и Црна Гора, додека денеска ќе разговара со функционери од Босна и Херцеговина. По средбите во Србија, таа ќе ги посети Косово и Северна Македонија.

Европската демократска партија (ЕДП), Европската зелена партија, Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) вчера објавија заедничка изјава во која ги повикуваат европските институции да заземат јасен став во поддршка на демократијата, граѓанското општество и владеењето на правото во Србија.

„Почитувана претседателке фон дер Лајен, дали ќе бидете на страната на граѓаните на Србија или на автократите?“ наведоа „Зелените“ пред нејзината посета на Белград.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести