Турција почна со обука на сириската армија

 Турција почна со обука на сириски воен персонал на своја територија, како дел од договорот потпишан во август, насочен кон обнова на одбранбените и безбедносните институции на Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

– За да се задоволат потребите на Сирија за развој на капацитетите, единиците на сириската војска почнаа со спроведување воена обука во Турција користејќи ги касарните и полигоните за обука на турските вооружени сили, се наведува во соопштението.

Претставниците на турското Министерство за одбрана, исто така, нагласија дека програмата е дизајнирана да го подобри одбранбените капацитети на Сирија, додека новата влада во Дамаск ги продолжува своите напори за враќање на стабилноста и реорганизација на државните институции по долгогодишниот конфликт. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести