Без електрична енергија денеска од 8 до 14 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Китка“, „Солунска Глава“, „Сердарот“ покрај каналот и „Јустинијан Први“ во општина Кисела Вода, го пренесува РЦУК Скопје известувањето на ЕВН Македонија АД.
РЦУК Скопје информира и за прекин во снабдувањето со вода денеска од 09.00 до 00.00 часот кај дел од корисниците од ул. „Ацо Караманов“, како и објектот на Американската Резиденција во општина Центар.
Прекинот, според известувањето од ЈП „Водовод и Канализација“ е поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. „Ацо Караманов“ бр. 10.
МИА


