Вучиќ за РТС изјави дека не може да зборува за апсењето на лицата вклучени во овој случај.
Тој изјави дека во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Српска, на територијата на Босна и Херцеговина се уапсени две лица.
Тој им честиташе на властите на Србија и Република Српска за заедничката акција и рече дека сè друго ќе утврди истрагата.
Министерството за внатрешни работи на Србија претходно објави дека на неколку локации во Белград, Зворник и Бања Лука се уапсени неколку лица, кои се поврзани со случајот „снајперист“. Акцијата ја спроведе МВР на РС и ОСА БиХ во соработка со МВР на Србија и БИА.
Д.Д кој беше уапсен во Зворник, а за кого полицијата се сомнева дека може да е поврзан со планирање и извршување кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот, беше предаден на Службата за работи со странци во Сараево.
Министерството за внатрешни работи на РС објави дека станува збор за лице кое нелегално престојувало на територијата на Босна и Херцеговина, а користело лажен идентитет и фалсификувани документи од Чешка.
На почетокот на неделата, Вучиќ изјави дека има информации дека во Белград има двајца снајперисти, по кои трагаат надлежните служби, и дека сè уште не е познато која е целта, но дека е познато кој ги дал парите, објави Н1.


