Османи го одреди датумот: Вонредните избори се закажани за 28 декември

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес објави дека одредила датум за одржување вонредни парламентарни избори, откако го потпишала указот за распуштање на Собранието.
Датумот што таа го одреди за одржување на вонредни парламентарни избори е 28 декември, објавува Косовo онлајн. Таа рече дека бидејќи нема политичка волја, распуштањето на Собранието е единственото решение.
„Датумите 21 и 28 декември се датуми што можат да се утврдат во согласност со Уставот. Осум партии се изјаснија за 28 декември, пет партии за 21 декември и три партии за кој било датум. Проценив дека 28 декември останува единствениот можен датум, иако тој датум ќе претставува и предизвик за ЦИК“, рече Османи.
Османи рече дека 11 јануари е исклучен како можен датум за одржување на изборите, а дека го отфрлила 21 декември со образложение дека на ЦИК ѝ е потребно време за сите подготовки за вонредните избори.

Најчитани вести