Вечерва, по информациите за негово апсење, од Министерството за внатрешни работи (МВР) без повеќе детали само велат дека е уапсено лице Ф.С., а за утре најавуваат повеќе информации околу причините за неговото лишување од слобода
Уапсен е поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, потврдуваат извори од истрагата за „360 степени“. Случајот го води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а МВР потврдува за апсење на лице со иницијали Ф.С.
Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен првобранител од август во 2018 година до 23 август 2022 година кога беше разрешен.
Државниот правобранител го назначува Владата, а институцијата со која раководи е задолжена да ги штити имотните и други права и интереси на државата.
Извор – 360 Степени


