СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Денеска гледаме дека ЗНАМ слави. Го прославуваат предавството на Македонија за пари.

Колаборантот Максим Димитриевски прво ја предаде СДСМ а сега преку ЗНАМ ја предава Македонија преку договори „мигранти за пари“.

Денеска дури го поставија и во форма на контра Резолуција која сакаат да ја верификуваат во Собранието.

Да примат мигранти за пари после избори, ама тоа да го сокријат преку формулации како „економски работници“ и „нелегална миграција“. 

Државата нема пари, трезорот се затвора пред време, очајно им треба кеш ама не за граѓаните туку да ги тераат своите бизниси преку наместени тендери. А Македонија да ја држат во изолација.

Ова е отворена колаборација на штета на Македонија, нејзината иднина и безбедност.

Борбата започна! И нема да престане!

Сите ќе одговарате,порачаа од СДСМ.

Најчитани вести