Доналд Трамп го нападна Роберт Де Ниро во објава на Truth Social, во екот на нивната долгогодишна јавна расправија.
Трамп го нарече добитникот на Оскар „болна и дементна личност“ откако Роберт Де Ниро се бореше со солзите во неодамнешното интервју за подкастот “The Best People With Nicole Wallace” “, повикувајќи ги Американците да му се спротивстават на Трамп.
„Опседнатиот со Трамп Роберт Де Ниро е уште една болна и дементна личност со, верувам, екстремно низок коефициент на интелигенција, која нема апсолутно никаква претстава што прави или зборува, а дел од тоа е сериозно криминално!“, напиша Трамп.
„Кога го гледав синоќа како се гуши во солзи, сфатив дека можеби е уште поболен од лудата Роузи О’Донел, која моментално е во Ирска обидувајќи се да открие како да се врати во нашите прекрасни Соединети Држави.“
„Единствената разлика помеѓу Де Ниро и Роси е што таа е веројатно малку попаметна од него, што не е некое големо достигнување. Добрата вест е дека Америка сега е поголема, подобра, побогата и помоќна од кога било досега, а тоа целосно ги излудува“, рече Трамп.
Во ново соопштение, Трамп рече дека Де Ниро треба да се качи на брод и да ја напушти земјата заедно со конгресменките Илхан Омар и Рашида Тлаиб, кои ја напуштија салата пред крајот на неговото обраќање за состојбата на нацијата и фрлаа работи кон него во знак на протест, објави Варајети.
„Кога ги гледате Илхан Омар и Рашида Тлаиб со низок коефициент на интелигенција како неконтролирано врескаа синоќа во текот на многу елегантното обраќање за состојбата на нацијата, толку важен и прекрасен настан, тие имаа широко отворени, крвави очи како луди, лудаци, ментално пореметени и болни луѓе кои, искрено, изгледаат како да треба да бидат институционализирани“, напиша Трамп.

Во разговор со Никол Волас, Де Ниро оцени дека Трамп ја „уништува“ Америка и додаде: „Болно е, изопачено е. Мораме да ја спасиме земјата.“
„Луѓето мора да се спротивставуваат, да се спротивставуваат, да се спротивставуваат, да се спротивставуваат, да се спротивставуваат. Тоа е единствениот начин“, рекол Де Ниро.
„Не постои магично решение. Луѓето нема туку така да исчезнат, дури и ако од некоја причина Трамп почине од болест или нешто слично. Делови од тоа движење сè уште постојат и тоа е застрашувачки. Граѓаните мораат да го неутрализираат.“


