Полскиот и унгарскиот премиер Доналд Туск и Петер Маѓар денеска во Варшава се согласија дека земјите-членки на Европска Унија се суверени држави и можат суверено да одлучуваат од кого да купуваат енергија, но оти најважно за Централна и Источна Европа е да обезбеди диверзификација на снабдувањето и да стави крај на зависноста од една земја.
– Суверена одлука е на новата унгарска влада од каде ќе увезува и каде ќе извезува енергија. Мојата улога, за која зборував, е да понудам можности за диверзификација и она за што зборував уште од пред 2014 година, за енергетската унија во регионот. Можеме да ѝ помогнеме на Унгарија да стане независна, бидејќи само енергетската независност може да го гарантира суверенитетот на нашите земји, истакна Туск.
И Маѓар истакна дека земјите-членки на ЕУ се суверени и затоа можат да одлучуваат каде ќе купуваат суровини.
Според него, најитна задача е да се издејствува прекин на огнот во руско-украинската војна, а потоа да се договори траен одржлив мир.
Туск оцени дека ставовите на полската и на унгарската влада за Украина се многу слични и оти ја поддржуваат амбицијата на Киев да ги забрза пристапните преговори со ЕУ.
МИА


