Давчевски: Од „72 часа чисто Скопје“ до 172 дена смет, депонија и неспособност на Орце

Денеска нема да зборуваме за нова епизода од лошо изрежираната ПР серија на градската власт туку за реалноста што ја гледат скопјани секој ден штом излезам од дома.

Зад целата таа ароганција, зад навредите и театарот што го гледаме на седниците на Советот, се крие една многу потемна, но и многу појасна слика – слика на неспособност, матни тендери и целосно запоставено Скопје.

Да одиме по ред со реалноста надвор од  скапите ПР кампањи на Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:

Прво лагата: „72 часа чисто Скопје“

Памтите кога со Мицкоски се сликаа со камиони и лопати пред „Борис Трајковски“? Тоа беше само ефтин популизам и ПР театар за на социјалните мрежи.

Поминаа над 172 дена од таа нивна наводна „нова ера“, а Скопје е повторно затрупано во ѓубре и претворено во еколошка депонија.

Орце, преполните контејнери се доказ дека тимот ти е тотално неспособен и дека комуналната хигиена колабираше под твое раководство.

Но кога ѓубрето постојано го преплавува градот – тоа е и твоја неспособност. Докажана!

Второ, тендери и милиони за омилените пулени

Додека ние се гушиме во смет, ти тераш бизниси и ѝ даваш 10 милиони евра на фирмата „Мастеф“ за новиот Луна парк.

Истата фирма со која имаше разработено тендерски шеми во Кисела Вода, сега ја донесе и во Град Скопје.

Само во 2024 година, оваа компанија лапнала тендери тешки над 8,5 милиони евра. Најчесто се единствен понудувач, со цени нацртани до денар со проценетата вредност. 

Ова смрди на местенки и злоупотреба на буџетот од километар.

Трето, унгарски шеми со автобусите.

Набавката на 150 електрични автобуси свесно ја буткате преку Министерство за транспорт. Го заобиколувате Градот и ЈСП, иако проект стои готов одамна.

Целта е проѕирна – да се избере унгарската „Електробус-Икарус“ и да се тераат бизниси со луѓе блиски до режимот на Орбан.

По 314.000 евра за автобус и игнорирање на локалните надлежности – ова е класичен потег кој отвора сомнеж за корупција во клучната инфраструктура.


Китење со туѓи перја за личен ПР

Сега се правиш „народен човек“ и се фалиш со мостот „Михајло Апостолски“ и трасата низ Керамидница.


Вистината е дека четири години заедно со ВМРО-ОКГ свесно го блокиравте овој проект на СДСМ преку советите.


Го држевте градот во заложништво само за да ги спасите хациендите на вашите партиски моќници на трасата, сè додека не ви текна да го продавате како свој успех.


Орце Георгиевски, можеш да глумиш лудило и да бидеш препотентен на говорница колку сакаш. Ама тие навреди и безобразни споредби со душевни институции не ти поминуваат – со тоа не се пресметуваш само со опозицијата, туку со сите скопјани. Луѓето си бараат одговори за хаосот што го оставаш, а ти продаваш магла за да ги дефокусираш од реалноста.


Орце, скопјани не пасат трева и не ти ги купуваат скапо режираните видеа. Остави ја ароганцијата и конечно преземи одговорност за хаосот во кој го вовлековте главниот град!

Прес конференција на претседтаелот на ГО СДСМ, Александар Давчевски

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести