Иранската револуционерна гарда вели дека го нападнала американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ во Заливот откако американските и израелските напади го убија врховниот лидер на земјата.
„Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ беше погоден од четири балистички ракети“, се вели во соопштението на гардата објавено од локалните медиуми, предупредувајќи дека „копното и морето сè повеќе ќе стануваат гробишта на терористичките агресори“.
Американската Централна команда во објава на социјалната мрежа „Х“ ги демантираше овие тврдења.
„Носачот „Линколн“ не беше погоден. Лансираните ракети не беа ни блиску. „Линколн“ продолжува со испраќање воздухоплови како поддршка на кампањата на Централната команда за заштита на американскиот народ од заканите кои доаѓаат од иранскиот режим“, се вели во објавата на „Х“.
🚫Iran’s IRGC claims to have struck USS Abraham Lincoln with ballistic missiles. LIE.
— U.S. Central Command (@CENTCOM) March 1, 2026
✅The Lincoln was not hit. The missiles launched didn’t even come close. The Lincoln continues to launch aircraft in support of CENTCOM’s relentless campaign to defend the American people by… pic.twitter.com/AjaeHMemtA
МИА


