(ВИДЕО) Во Кувајт се урна борбен авион Ф-15, пилотот се катапултирал

На социјалните мрежи се објавени снимки од пад на борбен Ф-15 во Кувајт. Иран објави дека неговите сили го собориле авионот.

Пилотот на Ф-15 е преживеан, откако успеал безбедно да се катапултира. Според CNN инцидентот се случил во близина на американска воздухопловна база во Кувајт.

Засега нема реакција од САД.

Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемија во последните денови, а воздушниот сообраќај над неколку земји во регионот е речиси целосно милитаризиран. Кувајт е долгогодишен сојузник на САД и една од клучните логистички точки за американската војска во Персискиот Залив.

Во земјата има важни американски бази и складишта за опрема, а кувајтскиот воздушен простор често го користат американските и сојузничките воени авиони за време на операциите во Ирак, Сирија и пошироко.

Ф-15 е американски повеќенаменски борбен авион од четврта генерација, развиен во 1970-тите, но сепак еден од столбовите на американските воздухопловни сили. Познат е по своите исклучителни способности за воздушна супериорност, голема брзина (над 2,5 маха) и моќно вооружување кое вклучува ракети воздух-воздух и прецизно наведувани бомби.

Различни верзии на Ф-15 ги користат и голем број сојузници на САД, вклучувајќи ги и земјите од Персискиот Залив.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести