Трамп за цената на нафтата: Ќе падне кога ќе ја уништиме иранската нуклеарна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека растот на цената на нафтата поради војната со Иран е „мала цена“ за глобалната безбедност.

Во објавата на „Truth Social“, Трамп порача дека актуелното поскапување е привремено и дека цените ќе се намалат откако ќе биде уништена иранската нуклеарна закана.

„Краткорочните цени на нафтата, кои брзо ќе паднат кога ќе биде уништена иранската нуклеарна закана, се мала цена за безбедноста и мирот на САД и на светот. Само будали мислат поинаку“, напиша Трамп.

Неговата изјава доаѓа во момент кога цената на барел нафта надмина 100 долари за првпат по руската инвазија на Украина во 2022 година. Аналитичарите предупредуваат дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и нападите врз Иран ќе доведат до уште поголем раст на цените на горивата и дополнителен притисок врз глобалната економија.

Најчитани вести