Цената на барел нафта падна под 90 долари

Цената на барел сурова нафта се спушти под границата од 90 долари откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот со Иран е „речиси целосно завршен“. Покрај ова, министрите за енергетика на земјите од Г7 најавија ослободување на стратешки резерви на сурова нафта со цел да се ублажат последиците од прекините во снабдувањето предизвикани од војната во Иран.

Според најновите податоци, цената на суровата нафта „Брент“ се намали за 4,2 проценти и изнесува 87,2 долари за барел. Претходно во текот на денот достигна ниво од 119,5 долари, што претставува прв случај нафтата да се тргува над 100 долари од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година.

Најчитани вести