Светскиот број еден, Италијанецот Јаник Синнер, зборуваше за своето расположение пред турнирот во Мадрид.
– Се чувствувам прилично добро. Во моментов се обидувам да се подготвам најдобро што можам. Планот е да играм и да се натпреварувам најдобро што можам. Ќе одам чекор по чекор. Мојата главна цел е да се приближам до Ролан Гарос во оптимална форма. Тука сум за да го играм мојот најдобар тенис, рече Синнер на прес-конференцијата.
Според 24-годишниот тенисер условите на турнирот во Мадрид се многу специфични.
– Висината и повремениот ветер го прават предизвик. Но, секој настап на земјена подлога може да биде корисен. Претходно немав добри резултати тука. Ќе видиме што ќе се случи оваа година, додаде тој.
Синнер ќе го започне турнирот во второто коло. Ќе игра против победникот од мечот меѓу Французите Бенџамин Бонзи и Титуан Дрог.
МИА


