Ѓоковиќ до Синнер: Добредојде во клубот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на светскиот рекет број еден Јаник Синер за комплетирање на трофеите од сите Мастерс турнири.

Италијанецот стана вториот играч во историјата на Здружението на тениски професионалци (АТП) кој победил на секој АТП 1000 турнир во календарот.

Синер го постигна овој подвиг откако го победи Норвежанецот Каспер Руд (6-4, 6-4) во финалето на АТП 1000 турнирот во Рим.

– Честитки, Јаник! Импресивно. Добредојде во ексклузивниот клуб – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Синер освои шест последователни Мастерс титули, продолжувајќи ја својата победничка серија на овие турнири на 34 натпревари.

МИА

Најчитани вести