Намаз од модар патлиџан и пиперка

Направете домашни лепчиња по ваш избор и послужете го овој вкусен намаз со нив..

         Состојки:

  • 2 големи модри патлиџани
  • 500 грама зелени пиперки
  • 2 домати
  • 1 лажица рен
  • 4-5 чешниња лук
  • 1/2 чаша(за црно кафе) маслиново масло
  • 1/2 чаша (за црно кафе) вински оцет
  • сол по вкус
  • малку пченкарно масло за пржење
  • сок од лимон

Подготовка:

Испечете ги модрите патлиџани и пиперките во тавче и излупете ги.Модрите патлиџани исецкајте ги и веднаш наросете ги со сок од лимон за да не поцрнат. Излупените пиперки исецкајте ги, а исто и доматите прво излупете ги и исечете ги на парчиња. Пржете ги модрите патлиџани кратко во пченкарно масло. Додадете ги доматите и продолжете со пржење додека водата не испари. Изладете ја смесата. Ставете ја смесата во блендер, додадете ги печените пиперки, подготвениот рен, лукот, маслиново масло, винскиот оцет и сол по вкус. Блендирајте додека смесата не стане мазна. Сервирајте ја подготвената смеса како намаз.

МИА

Најчитани вести