Кузмановска: ВМРО и Јаневска им крати стипендии на студенти, младите со порака – Доста е!

Наместо да застане на страна на младите и студентите и да им помогне, криминалната ВМРО ја напаѓа младината и опозицијата, како да не ги разбираме измените на Законот.

Ова не е ништо ново за ВМРО – ОКГ на која приоритет и се криминалните тендери, а не студентите кои се двигатели на иднината на државата.

Откако студентите кренаа глас против политиките на ВМРО, власта панично се обидува да го минимизира проблемот.

Со бирократски фрази и празни оправдувања за наводна „подобра прераспределба на стипендиите“ и „потреби на пазарот на трудот“, ВМРО сака да го прикаже кратењето на стипендиите како наводна реформа и грижа за младите.

Младите многу добро знаат дека ВМРО ја крати можноста за повеќе стипендии за социјално ранливите категории на студенти – оние на кои им е најпотребна. Од вкупниот број на стипендии наместо како досега 49%, сега 40% ќе бидат за студентите од социјално ранливи категории.

Со законските измени кратат и од поддршката на студентите за сместување и исхрана и свесно создаваат двокласен систем во високото образование – студенти од привилегирани семејства и студенти кои ќе мора да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Затоа и реагираат младите студенти. Целосно оправдани се реакциите на студентите во писмото упатено до Јаневска.

Оваа криминална власт ги демотивира најуспешните млади луѓе, а со кратењето на стипендиите и игнорантскиот однос директно удира врз квалитетот на  образованието.

Хаос се случува на државниот универзитет, а министерката Весна Јаневска нема ниту слух, ниту желба да ги слушне студентите.

Тоа е вистинското лице на оваа власт – арогантна, одлепена од реалноста и неспособна да ги слушне младите, освен кога треба да ги користи за политички маркетинг.

И точно како што велат студентите во писмото до Јаневска- оваа власт ги уништува студентските соништа“, го деградира високото образование и го поттикнува иселувањето на младите од државата.

Социјалдемократската младина на Македонија ќе продолжи гласно да се бори за достоинствен студентски стандард, за еднакви услови и вистинска поддршка за младите.

Нема да дозволиме оваа криминална и расипничка власт да ни ја одземе и последната надеж за достоинствен живот во нашата татковина.

Се приклучуваме на Фронтот за вистина и правда, затоа што ние младите сакаме членство во ЕУ. Тоа за нас младите и за студентите значи еднакви услови и вистинска поддршка.

Прес конференција на СДММ, Стефанија Кузмановска – потпретседателка

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести