Шји и Путин со заедничка декларација за промоција на мултиполарен светски поредок

Претседателот на Русија, Владимир Путин посетата на Кина ја завршува со свечена вечера со кинескиот колега Шји Џинпинг.

Средбата Шји – Путин резултираше со потпишување на повеќе од 20 договори во областа на трговијата и технологијата и со заедничка декларација за „мултиполарен светски поредок“.

Шји наведе дека Кина и Русија треба да се насочат кон промовирање на „поправеден поразумен состав на глобално управување“.

Според Путин, билатералните односи „достигнале навистина невидено ниво и продолжуваат да се развиваат“.

Русија и Кина потпишаа заедничка изјава за зајакнување на сеопфатната стратешка координација, со која се залагаат за мултиполарен светски поредок.

Како што соопшти Кремљ, во заедничката декларација се наведува дека глобалната програма за мир и развој се соочува со нови ризици и предизвици, со опасност од поделба на меѓународната заедница и враќање кон „законот на џунглата“.

Во заедничката изјава Шји и Путин ги повикуваат државите да престанат „еднострано“ да ја попречуваат меѓународната трговија и синџирите на снабдување преку Ормуска Теснина.

Но, Шји и Путин не успеаја да договорат детали за гасоводот „Силата на Сибир 2“. Кремљ соопшти дека е постигнато „начелно разбирање“, што значи дека не е постигнат конечен договор.

Предвидено е преку гасоводот Силата на Сибир 2, долг 2.600 километри да се транспортираат 50 милијарди кубни метри гас годишно до Кина преку Монголија од арктичките гасни полиња на полуостровот Јамал, надополнувајќи го постојниот гасовод „Силата на Сибир 1“.

Путин го покани Шји да ја посети Русија следната година. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести