Кривична пријава против полициски службеници, употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против двајца полициски службеници, зашто употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице. Станува збор за  Д.С. и М.С. од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.С. и М.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Пријавените, полициски службеници во Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, на 19.04.2026 околу 03:00 часот при вршење службени дејствија, употребиле прекумерна физичка сила и нанеле повреди на лице лишено од слобода, наведува МВР.

Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работната дисциплина.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести