Со испраќањето на последната група, комплетирана е овогодинешната тура со 512 кандидати за Хаџ кои од гостиварско тргнаа за Саудиска Арабија. Со желби за добро здравје и враќање, покрај членовите на семејства, идните аџии ги испратија гостиварскиот градоначалник Ваљбон Лимани, поглаварот на ИВЗ Хафиз Шаќир Фетаху и гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели.
Денеска од рано утро кон скопскиот аеродром од Гостивар тргна првата група од 180, околу пладне 156, а попладнево уште 180 мажи и жени. Тие претходно ги поминаа здравствените контроли и на традиционалниот информативен собир на кој им беше препорачано да се придржуваат до препораките на верските лидери и лекарскиот тим.

Годинава, бројот на верници, кои заминуваат на аџилак во Саудиска Арабија е најголем. Од муфтинијата информираат дека за сите кандидати беа завршени подготовките и условите поврзани со визи, авионски билети, вакцини и како што рече гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели, верниците може да заминат за Саудиска Арабија и да го исполнат петтиот услов на исламот. Освен верски лица, аџиите ќе ги следи и медицински тим со тројца лекари. ИВЗ го организираше патот, сместувањето и храна за време на 28 дневниот престој.

Аџилакот претставува еден од петте столба на исламот и обврска за секој муслиман кој има можност да го изврши барем еднаш во животот. Идните аџии за време на престојот во Мека и Медина каде минуваат низ обреди ги посетуваат и светите места како Мина, Арафат и Музделифа. Годинава на аџилак од Македонија преку ИВЗ тргнаа околу две илјади верници.
ИВЗ


