Петнаесет повредени откако излета трамвај од шини во Белград

Петнаесет луѓе се повредени денеска, меѓу кои и две деца, откако трамвај излета од шините во белградската населба Дорќол и удри во зграда.

Три лица се со тешки повреди, имаат контузии и скршеници. Сите повредени се во здравствени установи во главниот град на Србија Несреќата се случи околу 9.30 часот утрово.

Дежурниот јавен обвинител на Првото основно јавно обвинителство во Белград беше на истрагата за сообраќајната несреќа што се случи поради излетувањето на трамвајот од шините, и нареди итен технички преглед на трамвајот, потоа да се отстранат камерите за видео надзор, да се земат изјави од учесниците во сообраќајната несреќа и другите присутни граѓани, како и да се соберат сите други докази со цел да се утврди правилната и целосна фактичка состојба, соопшти Обвинителството.

Првото основно јавно обвинителство објави дека 15 лица, вклучувајќи го и возачот на трамвајот, се наоѓаат во медицински установи каде им се пружа помош.

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести