Голманот на Арсенал, Дејвид Раја, верува дека победата во англиската Премиер лига 2025/26 му даде самодоверба на тимот пред финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ.
– Беше неопходно, тоа беше целта откако пристигнав тука, па дури и пред тоа. Овој клуб постои за да се натпреварува и да се бори за највисоките почести, а Премиер лигата беше една од нив. Го постигнавме тоа, а сега ќе ни даде огромен поттик пред финалето на Лигата на шампионите. Лично, мислам дека сум во многу, многу добра форма. Не сум само јас, мислам дека „чистите мрежи“ се заслуга на целиот тим. Многу сум среќен што го постигнав овој рекорд – три Златни ракавици по ред – нешто што малку голмани некогаш го постигнале. Имаше многу натпревари во кои практично не им дадовме никаква шанса на нашите противници, а тоа ни помогна да го освоиме првенството, што беше најважното нешто, изјави 30-годишниот Шпанец за „Диарио АС“.
Арсенал и ПСЖ ќе играат во финалето на Лигата на шампионите на 30 мај.
МИА


