Државната изборна комисија на денешната седница едногласно го усвои Годишниот план за работење и напредување за 2026 година.
Претседателот на ДИК Бојан Маричиќ истакна дека планот е подготвен во целосна согласност со законските одредби од Законот за вработените во јавниот сектор и Изборниот законик.
-Основната цел на овој план е да обезбедиме, што е еден тренд во последните две години и добро е да продолжи, соодветен стручен и професионален кадар кој може да одговори во секое време на нашите задачи и на секако зголемениот обем на институционални и оперативни обврски кои ќе ни престојат и во наредните години – рече Маричиќ на денешната седница.
Тој нагласи дека при изработка на овој план строго се земени предвид реалните потреби за зајакнување на капацитетите на стручната служба и подрачните одделенија на Државната изборна комисија.
Членовите на ДИК исто така едногласно го усвоија и записникот од седмата седница.
МИА


