Мелони ја критикуваше ЕУ поради претерана бирократија и недоволна одлучност

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја критикуваше Европската Унија поради претераната бирократија и недоволната одлучност на глобалната сцена.

– Огромна, главна слабост што директно нè погодува е моменталната структура на Европската Унија, бирократски механизам кој премногу често ги жртвуваше конкурентноста и стратешкиот раст на олтарот на идеолошките и технократските пристапи – изјави Мелони на годишното собрание на индустриското здружение Конфиндустрија, пренесува Анса.

Таа кажа дека Европа е неуморна во својата способност да ги множи правилата во сите аспекти на секојдневниот живот, но е кратковида кога станува збор за тоа нејзиниот глас да се слушне на глобалната сцена.

Мелони додаде дека е подготвена да ги примени тие принципи и на домашен план, предлагајќи покренување заеднички проект со Конфиндустрија за реформа на бирократијата во Италија.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести