Куманово е домаќин на шахисти од повеќе земји со бројни учесници. Во организација на градскиот шаховски клуб „Куманово“, од 29 мај до денеска се одржува четиридневен шаховски турнир.

– За прв пат годинава се одржа „Куманово Опен“ на кој учествуваа 120 шахисти од 12 држави, во недела се одржа и турнир за деца до десет години како и „блиц турнир“ во чест на покојниот мајстор, Драги Димитриевски-изјави претседателот на клубот, Сања Трајковска.
Турнирот се одржува во „Грација“ каде се сместени 300 лица. Денеска и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката ан советот го посетија турнирот и поскаа успех на натпреварувачите.

Меѓународниот турнир во стандарден шах, дава посебно значење на развојот на оваа игра во градот, претставува нов чекор и инспирација за генерациите, кои допрва почнуваат да се натпреваруваат. Учествуваат шахисти од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово, Црна Гора, Турција, Германија, Швајцарија, Полска и Шведска. На спортскиот настан се одиграа шаховските дисциплини: Турнир А – Опен 2250 со 112 натпреварувачи, Турнир Б – U 10 (родени 2026 година и помлади) со 39 учесници, според швајцарски систем и се одиграа седум кола. Турнирот е организиран според рејтингот на FIDE – Интернационалната шаховска федерација. На најуспешните натпреварувачи ќе им бидат доделени пехари, медали и специјални награди.
МИА


