Макрон: Франција е подготвена да испрати мисија во Ормуската Теснина

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска изјави дека Париз е целосно подготвен да ги поддржи мировните преговори помеѓу САД и Иран и да преземе оперативна улога на терен штом се постигне договор.

Неговата изјава следува по синоќешниот телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп.

– Истакнав дека сме подготвени во целост да ги поддржиме овие напори и да го преземеме својот дел од одговорноста во спроведувањето. Всушност, тоа е целта на меѓународната мисија што ја смисливме заедно со Британците и нашите партнери. Мисијата е подготвена за распоредување штом биде постигнат договор што би придонел за обезбедување на поморската трговија во Ормуската Теснина – посочи Макрон.

Тој додаде дека Франција е подготвена да ги понуди својата експертиза и воените капацитети во пошироките преговори, вклучително и нуклеарното прашање. 

МИА

Најчитани вести