Перез го враќа Мурињо на клупата на Реал Мадрид

Актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез го претстави својот главен адут во трката за позицијата на врвот на клубот – тоа е тренерот Жозе Мурињо. Португалецот на клупата на „кралскиот клуб“ од 2010 до 2013 година.

Објавата на социјалните мрежи се појави во моментот кога противкандидатот на Перез, Енрике Рикелме гостуваше во емисија.

Во периодот додека Мурињо беше на клупата на Реал, екипата освои три пехари, а постави рекорди според бројот на бодови и голови. Но, во Лигата на шампионите немаше подобар пласман од полуфинале.

Доколку Перез биде повторно избран на изборите следната недела и официјално ќе биде потврдено враќање на Мурињо како тренер на Реал Мадрид.

МИА

Најчитани вести