Инфлацијата во Албанија во мај достигна највисоко ниво во последните две години и изнесува три отсто.
– За споредба во мај 2025 година инфлацијата била 2,2 отсто. Стапката на инфлација регистрирана во мај оваа година е највисока во последните 29 месеци – од јануари 2024 година – кога инфлацијата изнесуваше 3,4 проценти. Цените најмногу се зголемија кај транспортот, енергијата, киријата, објави државниот Институт за статистка, ИНСТАТ.
Транспортот забележа најголем пораст од 7,8 отсто, киријата, енергијата, водата и горивото раст од 4,2 отсто. Зголемувања се забележани и во рестораните, хотелите и другите услуги, како и кај производите за лична хигиена, алкохолните пијалоци и тутунот. Во меѓувреме, храната и безалкохолните пијалоци, кои сочинуваат најголем дел од трошоците на албанските домаќинства, се за 2,2 отсто поскапи отколку пред една година.
Инфлацијата е со процент што беше планиран од Централна банка на Албанија (три проценти).
Гувернерот, Гент Сејко, на неодамнешниот состанок со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нагласи дека монетарната политика на Банката на Албанија останува посветена на обезбедување соодветни монетарни услови за албанската економија за да ја врати инфлацијата на целта, следејќи пристап базиран на информации што се справува со неизвесностите во врска со економските перформанси.
ММФ забележа дека инфлацијата е под влијание на зголемувањето на цените на енергијата, и бараат континуирано следење. Примарната цел на Банката на Албанија е да обезбеди стабилност и тоа го прави со поставување на клучната каматна стапка.
МИА


