Разговорите меѓу делегациите на САД и Иран во Швајцарија се одржаа во позитивна и конструктивна атмосфера. Техничките разговори за сите прашања ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското одморалиште Биргеншток, се наведува во заедничкото соопштение на Катар и Пакистан, кои посредуваат во разговорите.
Во соопштението, кое го испрати Министерството за надворешни работи на Катар, се наведува дека вчера на разговорите на високо ниво, во рамките на меморандумот за разбирање потпишан од САД и Иран минатата недела, е постигнат охрабрувачки напредок, вклучително и воспоставување механизам за понатамошни технички разговори, пренесуваат агенциите.
Се додава дека двете страни постигнале договор за формирање комитет на високо ниво, кој ќе обезбеди политички надзор над посредништвото во преговорите.
МИА


