„Гардијан“: Енди Бернам би можел да биде новиот британски премиер ако нема други кандидати

Двајца неименувани членови на Националниот извршен одбор на главното управно и административно тело на Лабуристичката партија денеска изјавија дека може да се очекува Енди Бернам да стане нов британски премиер до 17 јули, доколку нема други кандидати.

Премиерот во оставка Кир Стармер денеска изјави дека Националниот извршен одбор ќе ги отвори номинациите на 9 јули и дека процесот ќе биде завршен до летната пауза, која се очекува на 16 јули, пишува „Гардијан“.

Според неговите зборови, новиот премиер ќе ја преземе функцијата кон средината на јули во случај Бернам да нема противкандидати, или до крајот на август доколку се одржат избори. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести