Во синоќешните украински напади со дронови врз Доњецк, територија под контрола на Русија, повредени се 18 луѓе, меѓу кои и еден тинејџер, изјави шефот на така наречената Доњецка народна република, Денис Пушилин.
Според него, во градот Горловка, Калининскиот округ повредени се тројца мажи и 11 жени откако украински дрон погодил автобус.
Пушилин посочи и дека додека се гаснел пожар предизвикан од украинскиот напад, повреден е вработен во руското Министерство за вонредни ситуации, како резултат на повторен напад врз противпожарна цистерна.
Тој додаде дека во Централниот округ Горловка, уште двајца мажи биле повредени.ж
МИА


