Руски и кинески воени авиони влегоа во зоната на јужнокорејската противвоздушна одбрана

Руски и кинески воени авиони денеска влегоа во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана на Јужна Кореја, но не го нарушија воздушниот простор на земјата, соопшти јужнокорејската армија.

Јужнокорејските вооружени сили следеа десет воени авиони што се приближија до воздушната зона на земјата и подигнаа борбени авиони, кои изведоа тактички маневри како мерка на претпазливост во случај на инцидент.

Во краткото соопштение армијата не наведе дали имало каков било инцидент поврзан со летовите во зоната за идентификација на противвоздушната одбрана, која повеќе држави еднострано ја прогласуваат како дел од своите безбедносни механизми.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести